дома Македонија НИКОЛОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на ЕПП, лажните вести нема да ја нарушат...

НИКОЛОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на ЕПП, лажните вести нема да ја нарушат соработката!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ја демантираше веста објавена во провладиниот медиум „Фокус” дека наводно бил искаран од Европската народна партија, поради неконструктивната позиција на ВМРО-ДПМНЕ за капитулантскиот договор со Грција.

Николоски на својот Фејсбук ја потврди соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЕПП и кажа дека лажните вести не можат да ја победат вистината.

Ваквите наслови кои немаат никаква врска со содржината на веста, нити покажуваат едно професионално ниво, зборуваат многу за тој којшто ги напишал, а не за тој на кој се однесуваат. ВМРО ДПМНЕ останува посветено на соработка со нашите пријатели од ЕНП ( EPP), а лажните вести не можат да ја победат вистината- напиша Николоски на Фејсбук.