Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи во Штип и во декември и следната година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јасно ми е зошто избeга градоначалникот на Штип. Тоа беше најеспособниот градоначалник, а од друга страна тој и неговото семејство имаат концесии кон одредени луѓе кои треба да ги реализираат и веројатно министерсткото место во транспорт и врски се погoдило како таков преку кое тоа може да се реализира. Да ги прeдупредам дека кривично се одговара за тие интереси да внимаваат за дане случи после да плачат, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на штипската телевизија Стар.

Николоски наведе прецизно што се не направи Благој Бочварски за Штип.

-Избeга од Штип зошто нe реализираше жичара до Исар, вети најголем аквапарк во Македонија, или две катни гаражи, енергетски ефикасни фасади… И од сето ова нема ништо. Но, јасно е дека треба им враќа на некои луѓе и замина за полесно тоа да го прави од функција на министер, рече Николоски.

Според него победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Штип во декември е сигурна.

-Сигурен сум дека ќе победиме зошто имаме визија. Се формираше универзитет кога беше градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, се изгради автопат до Штип, се донесоа странски инвестиции, се помогна домашно стопанство, се помогна во инфраструктура. Градот беше среден како кутувче и се надевам ќе дадат шанса на ВМРО-ДПМНЕ и сега, а ова ќе биде можност за да победи тука ВМРО-ДПМНЕ и следната година, а да победи и на централно ниво. Победата сега ќе значи победа и следната година. За 10 месеци не се прави магија, но ако некој работи може да го покаже тоа и за овој период, рече Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This