дома Социјални Мрежи Николоски во посета на винаријата „Пуклавец“: Македонското вино и грозје заслужуваат поддршка...

Николоски во посета на винаријата „Пуклавец“: Македонското вино и грозје заслужуваат поддршка од државата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес во рамки на посетата на Неготино ја посети винаријата „Пуклавец“.

-Ова е винарија од Словенија која има инвестиција и во Македонија. Разговаравме за квалитетот на македонското грозје и вино, но и пласманот кој се потешко се наоѓа поради корона кризата. Македонското вино и грозје заслужуваат поддршка од државата, напиша тој на Фејсбук.