дома Актуелно НИКОЛОСКИ: Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е...

НИКОЛОСКИ: Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори

Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој вели оти знае дека тоа е наратив за кој СДСМ сака да се зборува затоа што се надеваат на ниска излезност и така да го намалат порaзот но дека тоа е неодговорно однесување.

Не смееме да дозволиме избори кои ќе значат зaгубени човечки животи.Ако во ваква ситуација имаме вакви бројки можеме само да замислиме какви бројки ќе има кога ќе почнат сите изборни активности-анализира Николоски.

Тој додава дека во Македонија има околу 3000 избирачки места, а на избирачко место има по просек десет луѓе. Тоа се 30.000 луѓе и како ќе се убедат толку луѓе да се појават на избирачко место и да имаат контакт со 500-600 луѓе во услови кога ги гледаат овие бројки.