Николоски: Доктрината ќе ги опфати сите општествени сегменти, таа е патоказот по кој што ќе се води ВМРО-ДПМНЕ до победата на следните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во доктрината ги опфаќаме сите општествени сегменти, доктрината треба да е патоказот по кој што ќе се води ВМРО-ДПМНЕ до победата на извесните предвремени парламентарни избори и после тоа раководењето со македонската Влада. Ако во овие четири години претседателот на партијата Мицкоски заедно со раководството ја стабилизираше партијата очекувам во следните четири години партијата да ја стабилизира и да почне да ја крева Македонија напред“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Канал 5 телевизија.

Николоски додаде дека најзначајно е тоа што со доктрината се проширува опфатот на потенцијални поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, па така се движи партијата и кон центарот бидејќи се опфаќаат и гласачи кои што се гледаат себеси во темите кои што ги покрива центарот. Во дел во економски теми се оди малку и кон лево, секако се задржуваат традиционалните теми на ВМРО-ДПМНЕ кои што се центар десни и десни, пред се националните теми. Во еден збор сите оние кои што сакаат помалку корупција, а повеќе економски напредок се добредојдени во ВМРО-ДПМНЕ.

„Извесно е дека оваа Влада нема капацитет да ја води Македонија. Македонија веќе има здравствена криза, има долгогодишна политичка криза, и е пред сериозна економска криза која што ќе е резултат на енергетската криза. Се покажа дека нема тим кој што знае да се справи со овие предизвици, а всушност и поразот кој што им се случи на локалните избори, ја делигитимира СДСМ како основна политичка партија носител на досегашната Влада. Тие со разни притисоци и уцени ако сакаат и пари можат да обезбедат по некој пратеник, но тоа не може да е долг рок, затоа што немаат одговори за основните предизвици“, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека тој очекува новиот претседател на СДСМ кој што исто така ќе биде избран денес да седне заедно со ВМРО-ДПМНЕ и да поразговара и да се определи датум за предвремени парламентарни избори кои што треба да се случат најбргу што може.

„Па ние мислиме дека час поскоро треба да се случат изборите, ако ние се прашуваме уште следната недела треба да се распушти Собранието, да се даде оној законски рок од 100 дена и да се оди на предвремени избори“, укажа Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This