March 28, 2024, 12:01 pm

Николоски за copaбoткaтa co АА и Алтернатива: Пpaвимe eднo пиoнepcкo дeлo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва на дневникот на телевизија Сител изјави дека соработката со опозициските албански партии АА и Алтернатива „е пионерско дело“.

Тој посочи дека ова е почеток на една соработка на идеолошки и принципиелни основи и дека најважната точка која ги поврзува е организираниот криминал и корупцијата.

„Она што особено е значајно, е дека ова е еден почеток на една соработка на идеолошки и принципиелни основи. Ние сме конзервативни центар-десни партии и најбитниот елемент тука е што првата соработка или првото јавно претставување на оваа соработка го прави фондацијата „Конард Аденауер“ која што е најголемата германска фонадација на владеачката партија ЦДУ на Меркел, што дава дополонителна тежина на целата оваа работа. Она што не врзува во моментот, првата врзивна точка која што ја имаме помеѓу нас, Алијансата за Албанците и Алтернатива е борбата со организираниот криминал и корупција. тоа што е врзивно ткиво помеѓу нас како политички субјекти, е желбата да се избориме против организираниот криминал и корупција и околу тоа разговараме во овој момент. Јас се надевам дека ова ќе прерасне во една плодна соработка. Точно е дека ова е прв пат во опозиција на овој начин да соработуваат политички партии и сметам дека правиме едно пионерско дело кое што ќе го препознаат и Македонците, Албанците, Турците, Ромите, и Србите и сите кои што живеат во Македонија“, рече Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This