April 20, 2024, 12:46 pm

Николоски: Изјавата на Груби дека Македонија ќе добие позитивна одлука за преговори не е точна, Македонија со Заев, ниту почна, ниту ќе почне преговори во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е блокирана од најслабата членка на ЕУ, Бугарија. Најголемата грешка на владата на Заев е Македонија и Албанија да влезат заедно во ЕУ, 4 луѓе биле на маса кога се договарало тоа, а еден од нив ми кажа. Првата причина зошто има скепса за Македонија е групата со Албанија, а втората е корупцијата, има широко распространета корупција и затоа не ја притискаат од ЕУ, Бугарија, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостувањето во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Тоа е лошо за Македонија, додаде Николоски, но таа е вистината.

„Македонија е заложник на лошите политики на Заев и распространетата корупција и криминал во земјава. Ова ниво на светс што се покажа на локалните избори да беше и лани на изборите и да имаше влада од ВМРО-ДПМНЕ ќе сменевме нешто“, рече Николоски.

Според него СДСМ и Заев не се заинтересирани за Македонија.

„Тие од сабајле излегуваат на телевизиии и зборат за ЕУ, и седнуваат на ручек и зборуваат за криминал и повторно исто, така изгледа нивниот работен ден“, рече Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This