дома Политика НИКОЛОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ОРБАН: Унгарија е на вистински пат, а Македонија...

НИКОЛОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ОРБАН: Унгарија е на вистински пат, а Македонија има голем пријател

Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа откако прелиминарните резултати покажале дека избирачите му дале доверба за трет последователен мандат, и четврти од 1998 година. Коалицијата на Фидес и помалиот партнер христијански демократи, убедливо победија на изборите и најверојатно освоија двотретинско мнозинство односно 133 од 199 места во парламентот, јавија локални медиуми.

– Обезбедивме историска победа и создаваме можност да ја заштитиме Унгарија, изјави Орбан.

Честитка за големата победа на Орбан, пристигна и од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

– Честитки за Премиерот Виктор Орбан за убедливата победа изразена со 2/3 мнозинство во број на освоени пратеници, Унгарија е на вистински пат, а Македонија има голем пријател!, напиша Николоски на Фејсбук.