Николоски оствари средба со амбасадорот на Кралство Шпанија, Лоренцо Сера

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар НИколоски, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралство Шпанија, Н.Е. Емилио Лоренцо Сера. На средбата информираше за улогата, целите и надлежностите на Националниот совет за евроинтеграции, принципот на консензуално одлучување и инклузивниот карактер на телото, кое дава можност за расправа на преставници не само на законодавната и извршната власт туку и на општествениот сектор, МАНУ, ЗНМ, ЗЕЛС, стопанските комори, религиските заедници.

Николоски ја искористи приликата да се заблагодари за поддршката на шпанија во евроинтеграцијата на МАкедонија.

-Покрај тоа ја искористив приликата да се заблогадарам за поддршката која Шпанија ја дава за европската интеграција, како на политичко така и на експертско ниво.

Николоски размени мислења со Сера за актуелните состојби, регионалната политика, состојбата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, како и за можностите за пренесување на експертиза и искуства за зајакнување на капацитетите на Националниот совет за евроинтеграции и Собранието во пристапниот процес.

Денеска остварив средба со амбасадорот на Кралство Шпанија, Н.Е. Емилио Лоренцо Сера. На средбата информирав за улогата,…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday, January 27, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This