April 18, 2024, 10:45 pm

Николоски: Поради kopyпцијата на Заев нема датум за преговори со ЕУ и затоа никој не врши притиcok врз Софија да не нѐ уценува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одговорот на дилемата дали ќе ги распродадат националните интереси се случи декември 2020 година кога народот масовно излезе на улица и се спротивстави на распродажба на историјата и се што им е во глава да продадат. Тие сакаат се да распродадат, ама не можат. Заев беше спремен се да потпише и излезе на едно интервју за бугарски медиум и кажа како планира, како да ја уништи уништи македонската нација, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.
„Реакцијата на народот им покажа на сите елити дека со тоа прашање, со прашањето со Бугарија играње нема. На иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена и заедничка декларација за црвените линии за кои не смее никој политичар да преговара или да отстапи. Ако Бугарија на пример се согласи да разговара во тие граници, да признае посебност на Македонците, македонско малцинството во Бугарија и слично може да се разговара за репироцитет, ама се до тогаш не може. Или ако Бугарија ги стави Македонците во Устав, може и Македонија Бугарите“, рече Николоски.
Оттука додаде тој, не е прашањето дали Бучковски, Заев сакаат да ги продадат македонските интереси.
„Не да сакаат, туку Бога молат. Значи сакаат, ама не можат“, кажа Николоски.
Според него барањето договорите со соседите да влезат во рамката за преговори со ЕУ не е логично.
„Барањето на Радев практично е Македонија никогаш да не влезе во ЕУ или македонскиот народ, затоа што ако станат договорите дел од преговарачка рамка кога ќе исполни се ќе треба или да потпише дека во Македонија живеат Бугари, а не Македонци. Или преведено целта е Македонија со Македонци никогаш да не влезе во ЕУ. Бугарите се порадикални и од Грците и ова не е наивно воопшто“, рече Николоски.
Според него треба да се направи притисок врз Бугарија од големите држави и сили во ЕУ, но тоа не се прави затоа што во Македонија премиер е Заев и Македонија е на 111 по корупција.
„Не може да преговара со ЕУ кога има ваква ситуација, Брисел не сака. Не сакаат да преговараат со најкорумпираните. Дополнително проблем е и влегување во група со Албанија за што одамна и прв предупредував. Значи во иста група со Албанија и високото ниво на корупција ја носи Македонија во ситуација да биде уценувана“, рече Николоски.
Тој посочи и пример како може да се направи притисок врз Бугарија као се сака.
„Бугарија очекува од ЕУ 9 милијарди евра директна помош, а колку за споредба македонскиот Буџет е околу 4,5 милиради евра, значи околу два Буџети наши за справување со корона. Доволно е еден од ЕУ да каже нема пари ако не ја пуштите Македонија. Тоа не се прави затоа што не се убедени дека сме за во ЕУ со Заев и корупцијата“, заклучи Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This