дома Македонија НИКОЛОСКИ: Преспанскиот договор е рецепт како НЕ се прават договори!

НИКОЛОСКИ: Преспанскиот договор е рецепт како НЕ се прават договори!

Преспанскиот договор е неодржлив. Овој договор корен не фаќа и не е прифатен кај народот и нема ни да биде прифатен, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во последното интервју на Радио Слободна Европа.

Во Грција ќе има предвремени избори, Нова демократија води пред Сириза. Вашиот колега од Европската народна партија, Мицотакис рече дека ќе го почитува Договорот од Преспа, но ќе се обиде да ги ублажи негативните последици за нив. И Вие сметате дека е можен подобар договор. Се разговарале ли на меѓупартиско ниво, внатре во европската партија за можна промена во некакви идни односи на Договорот од Преспа?

Со Мицотакис не сме разговарале. Но, апсолутно сме разговарале во форумите на Европската народна партија. Јас минатата година, неколку дена пред изгласувањето на уставните промени, во месец октомври, разговарав со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол, му презентирав еден план за тоа како мислиме дека можат да се решат работите. Но овие кpитики покажуваат една посуштествена работа, а тоа е дека процесот ниту во Македонија, ниту во Грција бил инkлузивен, односно владите го воделе самостојно. Гледаме со тек на време дека тие влади немаат ни поддршка од населението, во Грција се покажа сега на изборите, во Македонија ќе се покаже на следните парламентарни избори, што кредибилитетот на целиот изборен процес го доведува во прашање, зошто за такво битно прашање, суштинско прашање, за Македонија најбитно, а во Грција е во топ 3-4 прашања, ако не ги вклучите сите сериозни играчи на политичката сцена, се случува ова што се случува сега, а тоа е голем дел од политичката јавноста, но исто така и од населението да е фрустрирано од договорите. Во Македонија заради една работа, во Грција заради друга работа. Тоа е рецепт како не се прават договори. И затоа мислам дека овој договор е неодржлив.

На прашањето што се подразбира под неодржлив договор, Николоски одговара:

Овој договор не фати корен во Македонија. Поразговарајте со секого надвор, ќе ви каже дека не поддржува промена на името. Во Македонија тоа се покриваше во одредени структури со – Ајде мораме да поддржиме промена на името за да живееме подобро. Еве го подобриот живот не доаѓа. Втора година со ред не почнуваат преговори за членство со ЕУ.

Што значи ако е неодржлив договорот? Што значи тоа на долг рок – нов договор, пропаѓање на овој, преговарање нов?

Тоа е работа која е хипотетична, тешко е да се одговори во овој момент, но она што е факт во овој момент за Македонија е дека овој договор корен не фаќа и дека овој договор не е прифатен кај народот и нема ни да биде прифатен.