Николоски со порака до СДСМ: Во политиката најбитно е да имате визија и капацитет да го реализирате тоа за што сонувате, а го сака народот, се друго е нecпособност, kpиминал и kopyпција, затоа си одите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, го коментираше договорот кој го потпиша СДСМ за експресните возови меѓу главните градови во Европската унија, откако пред само еден месец го исмеваа и навредуваа потпретседателот за истата идеја.

„Пред месеци зборував дека мојот сон е помеѓу Скопје и Солун од едниот до другиот крај на географска Македонија 🇲🇰 да се патува за час и половина до два. Тогаш СДСМ велеше дека тоа е невозможно и ме навредуваше, за веќе утре да се потпишат на документ што ја потврдува мојата идеја и визија
Дека се неспособни да реализираат било што знаеме и затоа ќе паднат на овие избори. Па ние со спремни, одговорни и стручни кадри и помош на Европската Унија ќе го реализираме овој голем проект за брза железница меѓу Солун, Скопје, Белград, Виена и остатокот од Европа. Проект што ќе ја препороди Македонија
Порака до СДСМ – во политиката најбитно е да имате визија и капацитет да го реализирате тоа за што сонувате, а го сака народот, се друго е неспособност, криминал и корупција. Затоа си одите.“, пишува Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This