Николоски среде Стразбур пpeceче: Ние сме Македонци и збориме македонски јазик, сите тука го знаете тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски се врати во парламентарното собрание во Советот на Европа после 4 годишна пауза.

-Повторно сум во Стразбур со огромна чест да ја претставувам Македонија во најголемата парламентарна асамблеа во Европа. Како и во минатото најавувам дека тука ќе се борам за македонските национални интереси, како и заштита на човековите права на Македонците во Грција, Албанија и Бугарија. , напиша потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

-Говорот на омраза и една работа која што ние ја забележуваме е дека откако почнаа протестите во Бугарија, говорот на омраза пораснал и секако втора работа се нападите против мојата држава, против Македонија и Македонците, затоа што Бугарија поради политички причини, и поради изборни причини го блокира отворањето на пристапните преговори и првата интервладина седница со Македонија во изминативе две години, како што кажав пред се од политички причини. И тие продолжуваат да го прават тоа, кршејќи основни човекови права на Македонците, како што е самоопределувањето, нашиот јазик, историја и наследство, и тие се на чекор да го направат тоа повторно утре на седницата Советот за општи работи на ЕУ каде најверојатно тие повторно ќе го блокираат отворањето на пристапните преговори. Јас имам само една работа да им порачам, а тоа е: – Ние знаеме кои сме, ние сме Македонци, ние знаеме кој јазик зборуваме, ние зборуваме македонски јазик, ние си ги знаеме нашето наследство и нашата историја, и независно од тоа каква и одлука да донесат утре, цела Европа знае кои сме и што сме, и тие ќе се соочат со срамот од последиците од одлуката која ја носат. Ви благодарам многу, изјави Николоски во своето прво обраќање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This