дома Актуелно Николоски: Членството во ЕУ нема поента доколку се гази македонското национално достоинство

Николоски: Членството во ЕУ нема поента доколку се гази македонското национално достоинство

Во своето гостување во емисијата „Прашањето ми е следно“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека членството во ЕУ нема поента доколку се гази македонското национално достоинство.

-Поентата да Македонија стане член на ЕУ е да државата напредува и граѓаните кои живеат во Македонија да напредуваат. Инаку нема поента, така што ако Македонија напредува економски, напредува во делот на владеење на правото, ако Македонците го зачувуваат и надградуваат своето национално достоинство, се градат како нација, тогаш има поента. Ако се погазени нема поента, Николоски.