дома Социјални Мрежи Николоски: “Oчиглeднo лecнo e дa ce лyпaaт вo гpaди, aмa тeшko e...

Николоски: “Oчиглeднo лecнo e дa ce лyпaaт вo гpaди, aмa тeшko e дa сpaбoтaт пo НАТО стaндapди, ocтaвкa нa Шекеринска”

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија е пред нов срам.

-Македонија пред нов срам!
Откако стана членка на НАТО мора да се направи проверка на сите високи старешини во АРМ. Од нив прво двајца, а сега уште дополнителни четворица не добија НАТО сертификат. Истиот не се добива заради контакти или шпионажа во корист на непријателски земји.
Прашање до Шекеринска и Пендаровски како двајца најодговорни за Армијата.
Со кои странски служби овие лица комуницирале или за кого шпионирале?
Дали овие 4 високо рангирани лица се генерали, највисокиот чин во Армијата?
Ова е срам зза Македонија! Ова е срам за власта која потроши многу пари и енергија да се претстави себе како прозападна, а во своите редови има лица кои работат против интересите на Македонија и НАТО. Очигледно лесно е да се лупаат в огради, ама тешко е да сработат по НАТО стандарди. Немаат време затоа што го трошат на бизниси и лични интереси!
Одговорност е потребна! Оставка на Шекеринска од Министер за одбрана е првиот чекор, стои во неговиот пост на Фејсбук.