дома Македонија НИКОЈ НЕМА ДА УНИШТИ СЕ МАКЕДОНСКО: Мајмуните утре ќе запалат коледарски оган...

НИКОЈ НЕМА ДА УНИШТИ СЕ МАКЕДОНСКО: Мајмуните утре ќе запалат коледарски оган под трибината на стадионот во Прилеп

Навивачката група “Мајмуни” од Прилеп ја продолжуваат традицијата. Утре на ден пред Бадник одново ќе запалат коледарски оган под северната трибина на градски.

-Традиционално, ден пред Бадник во повеќето Прилепски маала се пали Бадников оган, се служи посна храна, грејана ракија и убаво Македонско вино.

Палењето на бадниковиот оган има за цел да ја навести радосната вест за раѓањето на Исус Христос.

Бадникувањето, всушност знаачи бдеење, или исчекување на радосната вест.

Па така традицијата продолжува и во нашиот храм Гоце Делчев,сабота 20:00 под Северната трибина.

#НиштоиНикојНемаДаУништиСеМакедонско, напишаа oд навивачката група “Мајмуни” на Фејсбук.