дома Политика НИКОЈ НЕ ГЛАСАЛ ЗА ВАКОВ ХАОС: Тие што не гласале за ВМРО-ДПМНЕ...

НИКОЈ НЕ ГЛАСАЛ ЗА ВАКОВ ХАОС: Тие што не гласале за ВМРО-ДПМНЕ сигурно имале причина за тоа, но сигурен сум дека не гласале за хаосот што се случува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце рече дека ги разбира сите граѓани кои на предвремените парламентарни избори во 2016., но и на локалните во 2017. гласаа против ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека тие сигурно имале добра причина за тоа.

-Но тие граѓани сигурно не гласале за тоа што денес им се случува. Односно, им се случува 0 проценти економија, рече Мицкоски.

Според него, странските инвестиции кои претходно беа договорени си одат, а оние малкуте што останаа, оваа влада ги прикажува како нивни. Вели дека сепак тоа е добра работа, бидејќи тие сепак ќе креираат нови работни места.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нема реформи во образованието социјалата и здравството.

Потенцира дека на секој чекор можат да се видат бизнисмените кои „кукаат“ бидејќи на пазарот нема слободен и свеж капитал.

-Гледаме криминал на секој чекор во државата. Главен бизнис во државата стана „купи камион – да вози по руднициве или по државните претпријатија“, или пак, „купи по некој хекрат земја и добиј лиценца за да садиш марихуана“ и тоа најчесто е контролирано од семејството. Така што, луѓето не само што се разочарани, и не само што ние тоа го гледаме во нашите средби, во нашите соочувања со граѓаните или пак на анкетите. Тоа се чувствува, енергијата многу лесно може да се препознае, појаснува Мицкоски.