дома Македонија НИКОЈ НЕ ОДГОВАРА ЗА СКАНДАЛОТ: Кој му даде пристап до државните тајни...

НИКОЈ НЕ ОДГОВАРА ЗА СКАНДАЛОТ: Кој му даде пристап до државните тајни на новинарот Сашо Ордановски?!

Сашо Орданоски, најголемиот бранител на политиките на Зоран Заев, од страна на Владата, од страна МВР и ДБКИ е награден со највисок безбедносен сертификат- ДРЖАВНА ТАЈНА.

Пред неколку месеци по експресна постапка од само неколку часови, процедура која вообичаено трае неколку месеци, Орданоски, иако не е носител на никаква државна функција добил сертификат со кој му е овозможен пристап до најдоверливите податоци во државата.

Тоа значи дека Орданоски има пристап до сите систематизации, имиња на специјалци од армијата и полицијата, извештаи на службите, белешки од преговорите за името, односно буквално се што е класифицирано во оваа држава. Да биде иронијата поголема, точно пред година дена во една од своите колумни токму Орданоски го нападна претседателот Иванов бидејќи барал од новинарите да потпишат некакви изјави со цел да бидат сертифицирани за класифицирани податоци. Орданоски помеѓу своите колеги јавно се фалел за поседувањето на оваков документ и тоа во време на мандатот на Зоран Заев. Издавањето на ваков сертификат на новинар на 1ТВ потегнува низа на прашања кои треба да бидат одговорени.

1. Која државна институција побарала издавање на безбедносен сертификат за новинарот Сашо Орданоски?

2. Каква била потребата Сашо Орданоски да се стекне со безбедносен сертификат?

3. Како е можно во само еден ден да се направат безбедносни проверки на лицето од страна на УБК?

4. Врз основа на што е донесена одлука за доделување на највисок степен на сертификат, односно ДРЖАВНА ТАЈНА?