дома Социјални Мрежи НИКОЈ НЕ САКА ВАКВИ КЛОШАРИ ЗА ПАРТНЕРИ: Каракамишева рафално по власта

НИКОЈ НЕ САКА ВАКВИ КЛОШАРИ ЗА ПАРТНЕРИ: Каракамишева рафално по власта

Професорката на Правниот факултет во Скопје, Тања Каракамишева на својот официјален Фејсбук профил истакна дека упадот во приватноста и личните податоци на граѓаните од страна на УЈП ќе биде една од главните пречки за Македонија за влез во ЕУ, поточно за отворање на поглавјето од преговорите со ЕУ, човековки права.

 

Таа истакна дека Македонија под водство на СДСМ уште еднаш се обидува да донесе закон спротивен на европските регулативи и директиви за заштита на личните податоци. Каракамишева истакна дека ваквото однесување е манијачко, а како резултат на нивната неспособност ние наводно че мораме да менува име, идентиет и историја. Професорката е децидна дека блокадата на нашите евроатлански интеграции не е до името туку до глупостите на актуелната власт, криминалот и корупцијата која предводена од СДСМ се шири како пајажина.