March 29, 2024, 11:22 am

Никој нe caка да попишува: Heма доволно пријавени попишувачи, вели Симовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се уште нема доволен број пријавени попишувачи за претстојниот попис на населението, вели во изјава за Курир директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Денес е последниот ден за пријавување на јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за пописот. Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но беше продолжен до 12 август и потоа уште еднаш до 17 август.

Симовски за Курир вели дека во некои реони одзивот е добар, но во некои не е задоволителен. Посочува дека е исполнет бројот за инструктори, но не и попишувачи.

-Најверојатно денеска или утре ќе го продолжиме рокот за пријавување на попишувачи за уште една недела. Не сме задоволни од досегашниот одзив. Очекуваме во следните два дена позначаен одзив за пријавување. Ситуацијата е иста како и претходно, повторно најслаб е одзивот во скопските општини, Струмица, Ново село и реоните со албанско мнозинско население, вели Симовски за Курир.

ДЗС има начин за решавање на ваквата ситуација доколку ни по овој продолжен јавен оглас, кој Симовски најавува дека најверојатно ќе биде објавен, не се пријават доволен број попишувачи.

Во таков случај, извесно е дека на пријавените попишувачи, онаму каде има потреба ќе им биде доделен уште еден пописен реон.

Од утре пак, започнува тестирањето на оние кои досега се пријавиле за попишувачи и инструктори. Симовски вели дека ДЗС работи и на тековните административни процедури поврзани со одржувањето на пописот.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година. Во меѓувреме продолжува електронското самопопишување на државјаните на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува Пописот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This