дома Македонија НИМИЦ ПО МАРАТОНСКАТА СРЕДБА: Се разговараше за тешките прашања, има напредок!

НИМИЦ ПО МАРАТОНСКАТА СРЕДБА: Се разговараше за тешките прашања, има напредок!

По новата рунда преговори на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Виена медијаторот Метју Нимиц рече дека средбата била продуктивна.

-Ова беше една од серијата средби, за да помогнеме во решавање на таканаречениот проблем со името. По целодневните разговори, можам да кажам дека средбата беше продуктивна, што прави да бидеме оптимисти за иднината. Истовремено, се одвиваа и средби на дипломати и експерти од обете земји, кои работеа на некои контроверзните аспекти на договорот, со особен фокус на идните односи меѓу двете земји, каде исто така беше забележан напредок. Предвидени се серија средби и во иднина, и без да дадам какви било детали, адресирани се тешките прашања, за кои и натаму треба да се најде решение. Имам позитивно чувство, и двајцата министри се фокусирани на долгорочните односи, на стабилноста во регионот, на важноста од добри односи меѓу двете држави, со надеж дека ќе продолжиме да работиме на мошне позитивен начин, изјави Нимиц.