дома Македонија Нинџа и Василевски денеска ќе бараат амнестија, рокот истекува утре

Нинџа и Василевски денеска ќе бараат амнестија, рокот истекува утре

Рокот од пет дена за поднесување барање за амнестија за настаните поврзани со 27 април, истекува утре.

Според најавите, денеска барање за амнестија треба да поднесат пратеникот Сашо Василевски и Александар Василевски Нинџа. Очекувањата се дека барања во текот на денешниот и утрешниот ден ќе поднесат најголем дел од обBиHетите.

Досега, познато е само дека амнеcтија поднеле четворица, меѓу кои и пратеникот Крсто Мукоски. Останатите тројца се Никола Митревски Кољо, Младен Додевски и Оливер Радулов.

Судот има рок од пет дена од приемот на барањето да донесе решение дали за некого следува амнестија или не, а за тоа претходно потребно е да прибави и мислење од јавен обBинител.