дома Балкан Ниту името го сменија: И Босна доби вakцини на „фajзер“ преку мexaнизмот...

Ниту името го сменија: И Босна доби вakцини на „фajзер“ преку мexaнизмот Koвакс

Во Босна и Херцеговина денеска пристигнаа 23.400 дози од вакцината против ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“, со што таа стана прва земја во регионот која добила вакцини преку меѓународниот механизам Ковакс.

БиХ има нарачано 1,23 милиони дози преку овој механизам, за што плати 13 милиони долари и во наредниот период очекува да добие 26.000 вакцини на „АстраЗенека“.

„Немаме точен датум кога ќе стигнат останатите вакцини, но нова голема пратка очекуваме во април“, изјави министерката за цивилни работи Анкица Гудељевиќ.

Во изминатите 24 часа, во БиХ се регистрирани речиси 2.000 нови случаи на коронавирус, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата, а 77 лица починале.