дома Македонија НИШАН НА ЧЕЛОТО НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ: Протестите на Алмир се претворија во...

НИШАН НА ЧЕЛОТО НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ: Протестите на Алмир се претворија во политички – на крајот Албанското знаме заврши на Владата

Пораки кои не се во прилог на соживотот, безбедноста и правдата беа испратени денеска од протестот за малиот Алмир, најавен како мирен протест против судската одлука за преименување на делото на Бобан Илиќ од убиство во тешки дела во сообраќајот.

Инцидентите ги направија граѓаните кои протестираа пред полицискиот бедем и затворените порти на Владата. На протестот се носеше транспарент со јавниот обвинител Љубомир Јовески, кој на челото е обележан со црвена точка, симбол на ласерски нишан. Оваа порака претставува директна закана за безбедноста на јавниот обвинител и во никој случај не оди во прилог на правдата што ја бараше толпата за Алмир.

На крајот на протестот на оградата на Владата беше закачено албанското знаме, со што протестот за правда доби етнички карактер, а пораката е јасна. Организторот на протестот не ги спречи инцидентите, а ни полицијата не интервенираше додека етнички Албанец го вееше албанското знаме пред Владата на Република Македонија.

 

Фото
Република.мк