дома Спорт Нишикори го доби маратонот со Чилиќ за полуфинале на УС Опен

Нишикори го доби маратонот со Чилиќ за полуфинале на УС Опен

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори по подолго време повторно ќе игра полуфинале на еден Грен слем турнир. Имено, Нишикори излезе како победник од маратонот против Марин Чилиќ од Хрватска со 3-2 во сетови (2-6, 6-4, 7-6/5, 4-6, 6-4) и влезе меѓу четворицата најдобри на УС Опен.

Мечот траеше четири часа и 12 минути и одлучи брејкот на Нишикори во 12. последен гем од одлучувачкиот сет. Двајцата тенисери имаа подеми и падови во мечот и прашање беше само кој тенисер има повеќе свежина во завршницата.
Противникот на Нишикори во полуфиналето в петок ќе биде поуспешниот од последното четвртфинале меѓу Милман и Ѓоковиќ. Првиот полуфинален пар го сочинуваат Надал и Дел Потро.

Финалето се игра во ноќта меѓу недела и понеделник.