дома Македонија НИШТО НЕ РАБОТИ, ВАЖНО СИ КУПИ ЏИП: Директорот на ДБКИ конечно одбра...

НИШТО НЕ РАБОТИ, ВАЖНО СИ КУПИ ЏИП: Директорот на ДБКИ конечно одбра – Хјундаи Тускон

Се чини дека личната комоција и уживањето на грбот на граѓаните е единствената работа за која се грижат функционерите од владата на СДСМ. Најновиот доказ за тоа ни доаѓа од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, каде директор е извесен Стојан Славевски, лице кое важи за блиско до министерката Шеќеринска.  

Доколку се пролиста на страницата на Бирото за јавни набавки ќе се види дека дотичниов господин одлучил дека за да ги извршува своите работни обврски, за кое зема плата од граѓаните на Република Македонија, потребно му е да се вози во џип, не поефтин од еден милион и двеста илјади денари, или нешто околу 20 000 евра.

Ова информација за неговата шопинг операција ја објавивме неодамна, но сега сме тука да ви кажеме да не се секирате, бидејќи директорот веќе го одбрал посакуваниот џип. Се работи за џип макра Хјундаи Тускон кој на крајот испаѓа дека чини ,,малку” повеќе од цената која беше планирана претходно во јавната набавка.

По кратката претрага на интернет за профилот на директорот Славевски, може да се види дека освен што ја извршува функцијата директор на државна институција, во исто време е и претседател на Советот за безбедност и одбрана на ЛДП, но ја извршува и функцијата Претседател на невладина организација под името „Маршал Центар Македонија“