дома Македонија НИШТО ОД БЕСПЛАТНОТО ЗДРАВСТВО: Граѓаните плаќаат приватно по 650 денари за...

НИШТО ОД БЕСПЛАТНОТО ЗДРАВСТВО: Граѓаните плаќаат приватно по 650 денари за вакцина, иако им следува бесплатно

Вакцинацијата за против грип започна завчера, амбулантите се преполни. Иако цената е повисока за 200 денари за разлика од лани и е 650 денари, хронично болните и пензионерите ги полнат Центрите за јавно здравје. За сите, пак, кои имаат помали пензии од 14.480 денари, како и за оние без пензија со навршени 65 години, а се решени да се вакцинираат, вакцината е бесплатна.

Имено иако министерството набави 28.000 дози бесплатни вакцини против грип за пензионерите со помали примања, на првиот ден се случува граѓаните да плаќаат приватно по 650 денари за вакцина, иако бесплатно им следува.

Поради голема недоверба во здравството, пензионерите приватно по 650 денари за вакцина, иако бесплатно им следува. Сепак кај граѓаните постои и голема разочараност од министерството зошто вакви вакцини, иако знае дека е голем одѕивот не порачува повеќе.