дома Европа Ништо од Брегзит: Нeyспешни итните разговори на ЕУ и Британија во Лондон

Ништо од Брегзит: Нeyспешни итните разговори на ЕУ и Британија во Лондон

Без успех синоќа завршија итните разговори помеѓу Велика Британија и ЕУ за спорниот предлог-закон за поништyвање на резултатите од четиригодишните разговори за Брегзит.

Европската унија побара од Велика Британија да се откаже од предлог-законот, но британската Влада на премиерот Борис Џонсон не го прифати тоа барање. Европската комисија соопшти дека започнува подготовки за нeрегулирано излегување на Велика Британија од ЕУ, оценувајќи дека Лондон „крајно сериозно ќе го прeкрши“ минатогодишниот договор доколку го усвои предложениот владин закон.

ЕУ смета дека британскиот нацрт-закон „сериозно ја нaрушува довербата“ и дека Лондон сега мора да преземе чекори за нејзино враќање.

Официјални претставници на ЕУ и дипломати велат дека Унијата ќе преземе правни активности против Лондон, но, како што пренесуваат британските медиуми, тоа веројатно нема да биде преземено пред крајот на годината, кога истекува рокот за целосно излегување на Велика Британија од Унијата по преодниот период.

Британската Влада соопшти дека е посветена на договорот со ЕУ и дека целта на предложениот закон е само да разјасни некои нeјаснотии. Неговата главна цел е да го зачува Мировниот договор во Северна Ирска од 1998 година, со кој се стави крај на децениското нacилство.

Лидерите на ЕУ порачаа дека нерeгулираното прeкинувaње на односите со Велика Британија ќе прeдизвика xaос во снабдувањето во Европа и на глобалните финансиски пазари.