дома Политика НИШТО ОД ГИНЕКОЛОГОТ ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Помпезно најавената „реформа“ во Шуто Оризари...

НИШТО ОД ГИНЕКОЛОГОТ ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Помпезно најавената „реформа“ во Шуто Оризари заборавена!

И покрај најавата на министерот за здравство Арбен Таравари дека абулантата во Шуто Оризари ќе добие гинеколог до крајот на неделата, гинеколог сеуште нема.

Денес вратите на ординацијата за гинекологија се затворени. Граѓаните ја потврдуваат инфомацијата дека гинекологот се уште немаат, а им е потребен бидејќи станува збор за населено место со многу жители.

Министерот Таравари по остварената средба со министерот без ресор Самка Ибраимовски на 5 јули вети дека во текот на оваа недела гинекологот ќе започне со работа. Во соопштението кое беше објавено од страна на министерсвото за здравство посочија дека веќе е најден специјалист гинеколог кој ќе работи во абулантата.