дома Македонија НИШТО ОД ДОБРОСОСЕДСТВОТО НА ЗАЕВ: Македонците не се добродојдени во Грција ниту...

НИШТО ОД ДОБРОСОСЕДСТВОТО НА ЗАЕВ: Македонците не се добродојдени во Грција ниту како туристи!

Капитулантскиот договор за промена на името пропагиран од Заев како универзално решение за добрососедство, очигледно не ги реши проблемите помеѓу Македонците и Грците. Имено извесна Тамара Ажиевска резервирала соба во Грција, но Македонците не се добредојдени во вилата каде што таа преку Букинг ја направила резервацијата.

– Јас го резервирав мојот одмор, но не го очекував ова! Парите кои ги платив не можам да ги вратам. Македонците не се добредојдени кај овој грчки смештај. Се надевам дека ќе може да ги заштити сите ваши клиенти и да ги одмрзне моите пари. Јас однапред платив за услугата и ги прифатив сите ваши политики, но не ги очекував овие “околности”. Ве молам споделете, вели Ажиевска.

На ваквата постапка на сопственикот на смештајот реагираа од Букинг, Македонија кој вели дека ваквото однесување е неприфатливо, парите на девојката ќе бидат вратени, а сопственикот на апартманот ќе биде санкциониран.

-Здраво Тамара, Јас работам во Booking.com, и ова е комплетно неприфатливо однесување. Слободно пиши ми порака и ќе ти објаснам каде да не контактираш за да се поништи резервацијата и да се санкционира сопственикот на капацитетот, вели вработен во Букинг.