дома Временска Прогноза Ништо од дождот: Пekoлни температури над 40 степени и во наредните неколку...

Ништо од дождот: Пekoлни температури над 40 степени и во наредните неколку дена

И покрај најавите за невреме и пороен дожд, според најновите информации Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, следува период на стабилно, сончево и топло време.

Во текот на утрешниот ден се очекува сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=9.

Пеколните температури ќе продолжат и наредните неколку дена. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога максималната температура повторно ќе го достигне 40-тиот степен.