дома Македонија НИШТО ОД НАЈАВЕНИОТ МОРАТОРИУМ: Во Скопје на големо работи градежната механизација

НИШТО ОД НАЈАВЕНИОТ МОРАТОРИУМ: Во Скопје на големо работи градежната механизација

Ништо од најавениот мораториум на градба и работење на градежната машинерија. Власта поради енормното аерозагадување кое ги помина сите граници на нормалата најави итни мерки меѓу кои е и запирање на сите градежни работи во градовите ширум државата, но сепак неколку видеа кои се шират по социјалните мрежи ни потврдуваат дека мерката не се применува. Видеото е направен од актерот Робер Вељановски во општината Карпош, а во својот твит тој им го посочува непочитувањето на мерката на Стефан Богоев и Петре Шилегов.