дома Балкан Ништо од новата влада, предвремени избори во Бугарија во јули или август

Ништо од новата влада, предвремени избори во Бугарија во јули или август

Најверојатно сценарио за излез од блокадата на 45-от бугарски парламент се вонредни паралемнтарни избори, објави 24 Часа по изјави од пратеници од шесте парламентарни партии, а по неуспехот да се формира влада.

Се разгледуваат повеќе датуми. ГЕРБ и ДПС претендираат новите избори да се одржат до средината јули, додека од БСП бараат да се одржат на први август.

Премиерот во оставка и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, ја предупреди својата партија да се подготви за гласање во рок од два месеци. Доколку „Има таков народ“ го добијат и го вратат неисполнет мандатот што ќе го добијат од Румен Радев оваа недела, првите два од мај ќе бидат за ротација на третиот мандат. Ако и тој не успее, веќе од 17-23 мај, шефот на државата може да го распушти Националното собрание и да закаже нови избори во рок од два месеца.