дома Македонија НИШТО ОД РЕСЕТИРАЊЕТО НА ЈУГОХРОМ: 800 работници се на работ на егзистенцијата...

НИШТО ОД РЕСЕТИРАЊЕТО НА ЈУГОХРОМ: 800 работници се на работ на егзистенцијата поради неисполнетите ветувања на Владата

Владата на СДСМ пред да дојде на власт ветуваше рестартирање на фабриката „Југохром“од Јегуновце која вработува околу 800 вработени.

Во 2017 година Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, во име на Владата, управителот на „Југохром Алзар“, Васко Скендеровски, и претседателот на синдикалната организација на „Југохром Алзар“, Бајрам Алити, потпишаа меморандум за изнаоѓање решение за надминување на состојбата на работењето на фабриката „Југохром Алзар“ од Јегуновце, односно набавување А-интегрирана еколошка дозвола, за повторно започнување со работа на фабриката, како и враќање на работниците на работа.

Лани министерот за животна средина Јани Макрадули изјави дека почетокот на производството ќе доцни бидејќи компанијата не ги исполнила превземените обврски а тоа е поставување на филтри на печките 7 и 8 кои заедно со системот на отпрашување кои се проценуваат на 12 милиони евра.