дома Европа НИШТО ОД ШОПИНГОТ:Македонците во Солун наидоа на затворени врати

НИШТО ОД ШОПИНГОТ:Македонците во Солун наидоа на затворени врати

Македонците кои денеска замина на шоипинг во Солун наидоа на затворени врати. Тие биле затекнати, со оглед што воопшто не било најавено дека денеска е неработен ден. Но жителите им објасниле дека причината за затворените дуќани е снегот.

-Многу од продавниците се затворени. Има некои дуќани кои работат, но тие се ретки. Не работат сите продавници во трговските центри, затворени се и продавниците низ центарот на Солун. Причина бил снегот. Велат да се соземеле од снегот што паднал, па подоцна ќе почнеле со работа – вели Марина, скопјанката која денеска е во Солун.