дома Русија НИ РУСКАТА ЗИМА НЕ Е ТОА ШТО БЕШЕ: Најтопол јануари во руската...

НИ РУСКАТА ЗИМА НЕ Е ТОА ШТО БЕШЕ: Најтопол јануари во руската престолнина уште од 1879 година

Според податоците на „Рошидромет“, во јануари во Москва имало најмногу седум сантиментри снег, што е четири пати помалку од вообичаената висина на снежната покривка.

 

 

 

 

Просечната температура во Моксва во јануари оваа година е највисоката забележана во последниот век и пол – од 1879 година, откога во руската престолнина се следат тие податоци, јавува „АФП“.

Просечната температура во Москва во јануари изнесува околу нула степени Целзиусови, што е 9,3 степени повеќе од вообичаените температури, соопшти Људмила Прашина од државниот метеоролошки завод „Рошидромет“.

Претходниот рекорд е забележан во 2007 година, но овогодинешниот проеск на јануарски температури е повизок за 1,5 степени Целзиусови.

Температурите во Русија, која е позната по долгите и студени зими, се следи од 1891 година, а во Москва од 1879 година.

Според податоците на „Рошидромет“, во јануари во Москва имало најмногу седум сантиментри снег, што е четири пати помалку од вообичаената висина на снежната покривка.