April 25, 2024, 12:06 pm

Нова болecт ги напаѓа бoлните од кopoна: Индија откри смртонocна инфekција која ги нaпaѓa оние кои пpeлежале Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 8.800 случаи на смртоносната габична инфекција мукормикосис пријави Индија деновиве, објави Би-Би-Си.

Смртноста на оваа инфекција во нормални услови е 50 отсто, при што некои ќе се спасат и ќе го загубат едното око. Во последните месеци во Индија оваа инфекција ги погодува прележаните од ковид-19 и тие што закрепнуваат од коронавирусот.

Лекарите велат дека постои врска помеѓу стероидите кои се користат за лекување на ковид-19 и дека напаѓа помеѓу 12 и 18 ден од закрепнувањето од короната. Дијабетичарите се во посебен ризик. Најмногу случаи досега има во државите Гуџарат и Махараштра. Според две направени студи најголем број на заболените се мажи кои биле дијабетичари.

Повеќе од 80 отсто од пациентите треба итно да се оперираат.

Инфекцијата со мукормикосис сега стана поголем предизвик од ковид-19. Ако пациентите не се третираат правилно и на време, смртноста ќе порасне на 94 отсто. Лекувањето е скапо, а лекови недостигаат – рече д-р ВП Пандеј шеф на оддел во болницата Махараџа Јешвантрао во Индоре.

Мукормикосис е мошне ретка инфекција. Настанува при изложеност на мувла од габи која најчесто ја има во почвата, растенијата, ѓубривото и растенија и зеленчук што се распаѓаат.

Таа е сеприсутна и се наоѓа во почвата и во воздухот па дури и во носот и мукосот на здрави луѓе – вели д-р Акшај Наир, хирург од Мумбај.

Инфекцијата ги погодува синусите, мозокот и белите дробови и може да биде животозагрозувачка за дијабетичарите или за лица силно нарушен имунитет, лица со канцер или со ХИВ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This