дома Актуелно НОВА ДОНАЦИЈА ОД ТУРЦИЈА: 500 машини за перење и 500 кујнски сетови...

НОВА ДОНАЦИЈА ОД ТУРЦИЈА: 500 машини за перење и 500 кујнски сетови за поплавените!

500 машини за перење и 500 кујнски сета донираше Претседателството за раковдоство со кризни и итни случаи при Владата на република Турција, за семејствата кои што беа зафатени од поплавите кои го погодија скопскиот регион на 6 и 7 август. Помошникот претседател на АФАД Хамза Ташделен рече дека Турција секогаш кога ќе биде потребно ќе му помага на братскиот народ од Македонија.

Со оваа донација сметам дека ќе се намалат раните на домаќинствата чиишто домови настрадаа во поплавите, изјави градоначалникот на Чаир Изет Меџити.

Вклучувајќи ја и оваа донација, досега Република Турција за поплавените подрачја во скопско има испратено помош во вредност од околу 1.000.000 евра.