дома Актуелно НОВА КРВАВА ПРЕСМЕТКА ВО СКОПЈЕ: Двајца мртви при вооружен напад на менувачница...

НОВА КРВАВА ПРЕСМЕТКА ВО СКОПЈЕ: Двајца мртви при вооружен напад на менувачница во Кисела Вода!

Истрели од огнено оружје повторно ги вознемирија Скопјани, а улиците на главниот град повторно се натопени со крв.

Неофицијално, убиени се две лица при напад на менувачница во скопската населба кисела вода. Менувачницата се наоѓа на бул „Борис Трајковски“ спроти споменикот на Тодоор Александров.
Од МВР засега нема дополнителни информации, а од тоа што го дознаваме на терен, среде бел ден двајца напаѓачи се обиделе да извршат разбојништво во менувачницата. Лицето во менувачницата одговорило и двајцата напаѓачи најверојатно се починати.

Безбедноста во главниот град последниве месеци е драматично нарушена и скоро секојдневно се бројат жртви по улиците.