Нова поштенска марка по повод одбележување на 30 години од независноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Шалтер салата во зградата на АД „Пошта на Северна Македонија“ денеска беше промовирана новата поштенска марка, по повод престојниот празник 8-ми Септември, односно 30 години од независноста. На настанот се обратија премиерот Зоран Заев, директорот на АД „Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули и пратеникот во првиот собраниски состав Исмет Рамадани, информираат од владината прес-служба.

„Ја користам приликата, да упатам посебна благодарност и честитки и до вработените во Бирото за филателија во рамки на Поштата, кои во текот на годината се заслужни за подготовка за печатење на неколку илјади поштенски марки на различни тематики, кои го отсликуваат нашиот фолклор, култура и други мотиви карактеристични за нашето поднебје. Верувам дека оваа поштенска марка, која го отсликува нашиот голем тридецениски јубилеј, ќе најде соодветно место во колекциите на филателистите“, изјави премиерот Заев.

Новата поштенска марка ќе биде отпечатена во 6.000 примероци и таа има номинална вредност од 72 денари, изјави денеска директорот на „АД Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули.

„И Пошта е дел од чествувањето 30 години независност на Македонија. Пошта го одбележа почетокот на независноста со пригодна марка од која симболично ечеа зурли и тапани, а денеска промовираме марка со стилизирано македонско знаме, кое, ако погледнеме нагоре, е вградено и во овој објект изграден во 1974 година“, изјави Макрадули.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This