дома Македонија Нова цена по Нова Година – ЕСМ денеска треба да достави понуда...

Нова цена по Нова Година – ЕСМ денеска треба да достави понуда за цената на струјата за домаќинствата

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда за цената на електричната енергија која домаќинствата ќе плаќаат по Нова година. По неколку неуспешни тендери на ЕВН Хоме на кои државната ЕСМ не достави понуда до универзалниот снабдувач на домаќинствата и откако беа променети условите во тендерот се очекува компанијата конечно да достави понуда на петтиот тендерот.

Новиот тендер се однесува за снабдување на домаќинствата со електрична енергија за шест месеци, што беше еден од условите на ЕСМ. Неофицијално понудата најверојатно ќе вклучува цена од 41 евро за мегават час. Власта пак претходно најави дека поскапувањето нема да биде поголемо од 10 проценти.

Во меѓувреме цената на електричната енергија на светските берза деновиве забележа пад и се продаваше за околу 230 евра за мегават час. Пред една недела просечната цена достигна над 400 евра за мегават час, а во еден момент еден мегават чинеше и над 1000 евра.

Поради зголемената цена на струјата, една од мерките што ја најави Владата е 1.000 денари субвенции на сметката за струја за 45.300 граѓани од социјално најранливите категории.