дома Македонија НОВА „COПKA“ ОД АТИНА: Грција пpoтив одвојување на Македонија и Албанија на...

НОВА „COПKA“ ОД АТИНА: Грција пpoтив одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Грција сака задржување на пакетот „Македонија – Албанија“ во пристапувањето кон Европска унија, и покрај сигналите од европски центри дека Македонија е поблиску до почнувањето преговори.

„Не може да има разделување на интегративниот процес на C Македонија и на Албанија. Од тоа што го разбираме од дискусиите во Европа и од тоа што ние го гледаме, ставот ни е дека не може да има разделување“, изјави портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг, одговарајќи на прашањето „вклучуваат ли разговорите за Западен Балкан и одвојување на интеграцискиот процес на Северна Македонија од тој на Албанија“.