Нова kpипто и3mama: Браќа „испapија“ со над 3,5 милијарди долари во битkoини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца браќа од Јужноафриканската Република исчезнале со 3,6 милијарди долари во биткоини, кои ги „подигнале“ од нивната платформа за вложување во оваа криптовалута.

Адвокатска канцеларија во Кејптаун, која била ангажирана од инвеститори, вели дека тие не можат да ги лоцираат браќата, а целиот случај бил пријавен кај елитна единица на националната полиција, пренесува Blumberg.
Овој инцидент може да ги поттикне напорите на регулаторите да воведат ред на овој пазар, бидејќи измамите стануваат се почести. Последната од низата измами го оштети овој пазар за 69.000 монети, кои сега вредат 4 милиони долари по зголемувањето на вредноста на валутата.

Првите знаци на оваа проневера се појавија во април, кога започна огромниот раст на оваа криптовалута. Извршниот директор на Afrcrypt, Ејмир Каџи, постариот брат, ги информирал своите клиенти дека компанијата била жртва на хакери. Тој ги замолил да не го пријавуваат инцидентот кај адвокатите и властите, бидејќи тоа ќе го забави процесот на враќање на исчезнатите средства.

Тој и неговиот брат, Рејси (20), го основаа Afrcrypt во 2019 година.

Некои скептични вложувачи не им поверувале па ангажирале адвокати од компанијата “Ханеком”, додека друга група на вложувачи започнала процес на ликвидација против “Afrcrypt”.

“Веднаш се посомневавме дека нешто е во ред, бидејќи барале од инвеститорите да не преземаат никакви правни мерки”, рекол од Ханеком и додале дека вработените во Afrcrypt изгубиле пристап до платформата седум дена пред наводниот харкерски напад.

Со понатамошна истрага било утврдено дека сите пари од Afrcrypt биле префрлени од јужноафриканските сметки и крипто-паричниците и тоа преку мешање со други криптовалути за да ја прекријат трагата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This