дома Политика НОВИНАРИТЕ НЕМААТ ПРИСТАП ДО СОБРАНИСКАТА САЛА: Собраниската галерија резервирана за „странците“?

НОВИНАРИТЕ НЕМААТ ПРИСТАП ДО СОБРАНИСКАТА САЛА: Собраниската галерија резервирана за „странците“?

Забранет влезот за новинарите во Собраниската галерија, а според образложението на службите, местата биле резервирани за „странците“, односно дипломатскиот кор, кој очигледно е поважен од Македонската јавност

Денес, Македонската јавност нема да има можност да се информира за збиднувањата во Собранието, откако од страна на службите беше забранет влезот за новинарите и снимателите во галеријата на собраниската сала, каде што ќе се одржи конститутивната седница за избор на членови на Комисијата за именување.

На барањето на нашиот репортер, службите објасниле дека местата се зафатени за „страницте“, односно дипломатскиот кор во земјава, кој обично во галеријата на Собраниската сала е присустен само на свечени настани, одбележување на датуми или ратификација на меѓународни договори.

Која е причината, и зошто е одлучено дека Македонската јавност има помалку право да биде информирана од „странците“, засега нема информации.