дома Македонија НОВИНАРКАТА НА АЛ ЏЕЗИРА ГО ЗАКОПА ПЕНДАРОВСКИ: Референдумот не го доби потребниот...

НОВИНАРКАТА НА АЛ ЏЕЗИРА ГО ЗАКОПА ПЕНДАРОВСКИ: Референдумот не го доби потребниот цензус за промена на името, за какви уставни измени и компоненти зборувате?

Референдумот пропаднал во една компонента, призна во интервју за англискиот сервис на Ал Џезаира, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски уривајќи ја позицијата на СДСМ за успешен референдум.


Откако неговата изјава за успешен референдум беше прекината од новинарката која не сакаше да ја прифати неговата аргументација за 92 % гласови ЗА и со тоа успешен референдум, Пендаровски призна дека правно референдумот пропаднал, но дека постојат правни интерпретации на неговата партија што велат поинаку.

Подоцна Пендаровски зборува и за политичкиот контекс на референдумот и неговата политичка успешност и легимитет за власта но не негираше дека де факто тој е пропаднат.

Делот од разговорот со Пендаровски каде што тој признава дека од правен аспект референдумот е ништовен: