Новинapoт Дayти: Потpeбна е меѓународна арбитpaжа за Договорот со Бугapија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Даут Даути го коментира анексот од 12 точки кон Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, за кој проговори бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

„БУГАРИЈА ПРИЗНА ДЕКА НЕ Ѝ Е ДОВОЛЕН ДОГОВОРОТ ОД 2017 ГОДИНА!

(Или: 12-те ‘НЕПРИСТОЈНИ ПРЕДЛОЗИ’ ОД ‘ДОБРИОТ СОСЕД’!)

-Во политичката реторика за да се оправда (не)ветото на Бугарија, гласови од Софија ја обвинуваа С. Македонија дека не го почитува договорот за добрососедство (…) од 2017 година. Овој Анекс од 12 точки што сега се предлага од Софија (дали претходниот договор имаше толку?!) е доказ дека Бугарија бара нешто што ѝ текна отпосле и за таквата промена не е виновна Македонија. Мислам дека единствена исправна позиција на Македонија е да се повикува на договорот од 2017 година, ако треба и со меѓународна арбитража околу тоа која страна (не) го почитувала досега! Сè друго е авантура и соучесништво во остварувањето на нови апетити на нашиот ‘пријателски’ сосед околу прашања кои не можат да бидат услов или критериум за ЕУ…“, вели Даути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This