дома КОВИД-19 (Коронавирус) Новиот вид на коронавирусот регистриран во речиси 40 земји во светот

Новиот вид на коронавирусот регистриран во речиси 40 земји во светот

Новиот вид на коронавирусот, што прво беше откриен во Велика Британија, потврден е во најмалку 37 држави, јави Си-Ен-Ен.  Новиот вид на коронавирусот покрај во Велика Британија потврден е и во Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Чиле, Кина, Данска, Хонг Конг, Финска, Франција, Германија, Исланд, Индија и во Ирска. Регистриран е и во Израел, Италија, Јамајка, Јапонија, Јордан, Либан, Малта, Луксембург, Холандија, Нов Зеланд и во Норвешка. Вирусот го има и во Пакистан, Португалија, Обединети Арапски Емирати, Сингапур, Јужна Кореја, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тајланд, Тајван, Турција, САД и во Виетнам.

Експертите велат дека новиот вид полесно се пренесува, но нема докази дека е посмртоносен или да предизвикува потежок облик на болеста.

Во светот досега се регистрирани 85.6 милиони потврдени случаи на коронавирусот.