дома Македонија Новиот министер за здравство приватно се занимава со текстил

Новиот министер за здравство приватно се занимава со текстил

По одржаната седница на централното претседателство на „Алтернатива“, беа објавени носителите на јавни функции кои ќе влезат во Влада од нивната партија.

За министер за здравство, на местото на Венко Филипче доаѓа стоматологот Беким Сали, кој приватно се занимава со текстил.

Тој на последните локлани избори беше кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир, како предлог на коалицијата помеѓу Алтернатива и Алијанса за Албанците.

Сали е оженет и е татко на три девојчиња.