дома Свет Новиот мост во Италија свечено ќе се отвара, откако стариот мост се...

Новиот мост во Италија свечено ќе се отвара, откако стариот мост се урна во 2018 година и трагично завршија 43 животи

Новиот мост, кој го носи името „Геноа Сан Џорџио“, ќе го замени мостот „Моранди“ кој што се урна во 2018 година.

Роднините на 43-те загинати во уривањето на мостот „Моранди“ ја критикуваа „прославата“ која што ќе се одвива за пуштање на новиот мост во употреба.

Во понеделник вечер, Италјанската воздухопловна сила ќе го отцрта Италијанското знаме на небото над новиот мост „Геноа Сан Џорџио“,пред да биде официјално пуштен во употреба од Италијанскиот претседател Сергио Матарела.

Конструкцијата комплетирана за помалку од две години по трагичниот настан на 14-ти Август 2018, ќе биде дотерана со Италјанско знаме и крстот на св.Џорџ, кој што Џеноа го постави како симбол на мостот.

Организаторите исто така изјавија дека ќе има една минута молк и имињата на загинатите ќе се читаат за време на манифестацијата.

Неколку директори од фирмата „Атлантиа“, кои беа одговорни за одржување на мостот „Моранди“, ќе бидат под истрага за убиство.Судењето се очекува да почне на почетокот од наредната година.