дома Македонија Новиот поглавар на ИВЗ има кopoнавирус

Новиот поглавар на ИВЗ има кopoнавирус

Вршителот на должноста поглавар на Исламската верска заедница, Шаќир ефенди Фетаи на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19.

„Грижејќи се за моето семејство, моите соработници, како и сите верници и граѓани, решив да направам тест за ковид 19. За жал, тој излезе позитивен. Во моментов, сè е нормално и нема никакви проблеми, ниту симптоми. Јас се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум во домашна изолација. Таква е одлуката на Алах. Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат кон препораките на надлежните органи“,вели Фетаи во својата порака на Фејсбук.

Инаку, ИВЗ вчера соопшти дека поради коронвирусот, нема да се одржи традиционалната манифестација по повод Курбан Бајрам и ги повика верниците да бидат максимално внимателни и да ги почитуваат препораките на здравствените работници.